Бензинот падна под 80 денари

Bez autora
Jun 19 2012

Цената на бензините, по подолг период, се спушти под 80 денари за литар. Од синоќа на полноќ бензините поевтинија за 3,5 денари за литар, додека цената на дизелот се намали за 3 денари по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Со новите цени, литар „евросупер БС-95“ се продава за 78 денари, а „евросупер БС-98“ за 80 денари. Дизелот сега чини 67,5 денари, додека екстралесното масло за домаќинството е 56 денари за литар. Се намали и малопродажната цена на мазутот за околу 2,5 денара, при што тој сега се продава за 42,378 денари за килограм. Според образложението на регулаторите, цената најмногу се намалува поради поевтинувањето на нафтата на светските пазари во изминатите две недели. Поради тоа, рафинериските цени на нафтата кај нас се намалуваат за 6,21 отсто, додека нивната малопродажна цена паѓа во просек за 4,65 отсто.

Бензинот падна под 80 денариЦената на бензините, по подолг период, се спушти под 80 денари за литар. Од синоќа на полноќ бензините поевтинија за 3,5 денари за литар, додека цената на дизелот се намали за 3 денари по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Со новите цени, литар „евросупер БС-95“ се продава за 78 денари, а „евросупер БС-98“ за 80 денари. Дизелот сега чини 67,5 денари, додека екстралесното масло за домаќинството е 56 денари за литар. Се намали и малопродажната цена на мазутот за околу 2,5 денара, при што тој сега се продава за 42,378 денари за килограм.

Според образложението на регулаторите, цената најмногу се намалува поради поевтинувањето на нафтата на светските пазари во изминатите две недели. Поради тоа, рафинериските цени на нафтата кај нас се намалуваат за 6,21 отсто, додека нивната малопродажна цена паѓа во просек за 4,65 отсто.

Најновото намалување на цената е петто во континуитет во последните два месеца, откако во април бензините достигнаа рекордна цена од 90,5 денари. Тогаш за првпат во поновата историја на земјава цената на бензините ја надмина психолошката граница од 90 денари за литар, поради што граѓаните бараа владини мерки за да се заузда континуираното поскапување.

Американските аналитичари пред извесно време ја ревидираа својата првична прогноза за летово и најавија дека цената на нафтата во летните месеци ќе оди уште подолу. Сепак, вчера берзите на нафта по подолго време се размрдаа и тргнаа нагоре достигнувајќи 85 долари за барел. Зголемувањето на цената најмногу се должи на изборните резултати во Грција кои покажаа дека оваа земја ќе остане во еврозоната, со што се намали ризикот од уште поголема финансиска криза во Европа, но и пошироко.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik